Во силна експлозија што денеска потресе предградие на Антверпен во Белгија, уништени се повеќе домови, а едно лице беше извлечено под урнатините.
Противпожарната служба соопшти дека можно е да има уште луѓе затрупани под урнатините на куќите во јужното предградие на градот.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.