Експлодира „мерцедес“ во Белград, загина возачот

405

 

Во Белград вечерва загина маж во експлозија во автомобил во движење. Возачот загинал кога околу 20 часот на улица во Земун експлодирал неговито „мерцедес“ , во кој се возел. Автомобилот експлодирал во близина на мостот „Пупин”.

Според српските медиуми, неофицијално станува збор за Ненад Б. (48), кој бил повеќе пати осудиван за тешки кривични дела. Очевидците тврдат дека се слушнал звук како да експлодирала граната.

За среќа, нема други повредени, освен едно лице кое од детонацијата било отфрлено од паркингот на другата страна на улицата. Се претпоставува дека под автомобилот имало бомба, која била активирана со далечински управувач.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...