Фински експерти за инсекти соопштија дека невообичаеното топло лето во таа нордиска држава зело данок врз популацијата комарци кои во некои области целосно исчезнале особено во Лапонија, на север во државата.
Јука Салмела од Покраинскиот музеј во Лапонија изјави за локални медиуми дека топлотниот бран исушил типични места каде живеат комарци како плитки езера и други важни подрачја, и дека ги има многу помалку отколку во изминатите години.
Финска бележи едно од најтоплите и најсушни лета, а тимпературите во некои области достигнаа до 33 степени Целзиусови. Високи температури се регистрирани и во области над Арктичкиот круг, каде се наоѓа третина од површината на Финска. Во Финска се регистрирани околу 40 видови комарци