Експерти за Н1: Вучиќ направи преседан со објавување документи „државна тајна“

303
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера рече дека „со некои паузи“, тој бил прислушуван 24 години и го набудувале користејќи различни методи. Тој прочита на ТВ Пинк делови од официјалните извештаи на БИА, со назнака „државна тајна“, наведувајќи ги имињата на судиите кои го одобриле прислушувањето, како и имињата на странските дипломати со кои биле во контакт.

Поранешни раководители на безбедносните служби за Н1 велат дека тоа е преседан и дека безбедносниот систем е очигледно урнат.

Официјалните извештаи од ресорот на државна безбедност и БИА, со ознака „државна тајна“, беа објавени во утринската програма на Пинк.

– Во 90-тите беше следена целата опозиција, Вучиќ не е исклучок, вели адвокатот Сеад Спаховиќ. Што се однесува до прислушувањето на дипломатите, тој смета дека станува збор за т.н. статуска обработка.

– Статусна обработка значи дека функцијата што ја има таа личност бара да биде под надзор. И според мене, тоа се странски дипломати. И ако некој смета дека е толку важно за десет луѓе да вршат обработка за да видат што прави, тоа е сега друго прашање зошто е тоа така … Мислам дека претседателот на Републиката тогаш како опозиционер „влегувал во мерки“ кај тие луѓе, кои, од други причини, беа следени според мене“ – вели Спаховиќ.

Експертите за безбедност, вклучително и поранешни разузнавачи, во изјава за Н1, го поставуваат истото прашање, што се случило со тајноста на методите за работа на службата и како сега таа ќе биде заштитена.

Тие се согласуваат дека ваквиот настап на претседателот на една земја е преседан, како на домашно така и меѓународно ниво.

– Информациите што содржат каква било ознака – државна тајна или строго доверливо – се чуваат на посебен начин, со специјално пропишани мерки. Значи, не се изнедуваат од одредени простории, а камоли да се носи во програма со национална фреквенција.Се прашуваме дали е симната тајноста на документот покажан каде стои ознака. Претседателот е лице кое може да симне тајност – вели Јелена Пејиќ од белградскиот центар за безбедносна политика (БЦБП).

Доколку претседателот не ја симне тајноста, се вели во законот – крајниот рок за тајност на документот со ознака „државна тајна“ е 30 години.

ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...