Експертите апелираат светот да воведе четиридневна работна недела

580
ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER

Покусо работно време би имало низа погодности за работниците и работодавачите, а светот би требало да прифати четиридневна работна недела, порачаа психологот Адам Грант и економистот и историчар Рутгер Брегман на Светскиот економски форум во Давос.

– Мислам дека имаме некои добри експерименти кои покажуваат дека ако го намалите работното време, луѓето подобро и поефикасно го насочуваат своето внимание, па работат исто колку и за подолго работно време, а тоа често е поквалитетно и покреативно. Тие исто така се и полојални кон организациите кои се подготвени да им дадат флексибилност за да се грижат за својот живот вон работата – рече Адам Грант, психолог од Вортон школата на Универзитетот во Пенсилванија.

Економистот и историчар Рутгер Брегман, автор на книгата „Утопија за реалисти“ се согласува со Грант и објаснува дека покуса работна недела всушност и не е толку радикална.

– Со децении, најзначајните економисти, филозофи, социолози, веруваа, се до 1970 -те, дека помалку ќе работиме. Во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век постоеја големи капиталистички претприемачи кои открија дека ако ја скратите работната недела, вработените стануваат попродуктивни. Хенри Форд, на пример, открил дека ако ја смени работната недела од 60 на 40 часа, вработените стануваат попродуктивни затоа што не биле толку уморни во своето слободно време – рече Брегман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...