Ед Ширан заработил рекордни 380 милиони евра за една година

241

Британскиот пејач Ед Ширан во 2018 година заработи 380 милиони евра од својата турнеја, односно просечно по над еден милион евра на ден.

Со тоа, англиската поп-ѕвезда ја потисна на второто место својата колешка Американка, Тејлор Свифт, којашто од својата „Reputation“ турнеја во 2018 година заработи 270 милиони евра. Следува заедничката турнеја на Бијонсе и Џеј-Зи, од која тие заработиле 220 милиони евра, потоа – Пинк, Бруно Марс, Ролинг Стоунс и Ју-Ту.

Овие пресметки ја вклучуваат само заработката од влезниците, но не и од спонзорствата, продажба на сувенири и слично.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...