ЕДС: Не е точно дека грчкото обвинителство отворило истрага за компанијата, ниту пак за претходниот сопственик

369

Компанијата ЕДС, која е во целосна сопственост на грчката државна компанија за електродистрибуција, остро ги демантира наводите изнесени во текстовите објавени на веб порталите курир.мк и инфомакс.мк во врска со продажбата на ЕДС.

„Неточни и невистинити се наводите дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на ЕДС или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата“, се вели во демантот на компанијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...