Во прилог на овој факт, според СИНОС, е податокот што прашалникот за потребите на истражувањето за дигитални медиуми бил испратен на 593 адреси, а одговор пристигнал од 64.
– Дел од дигиталните медиуми е во сивата зона, позицијата на вработените е нетранспарентна, а сопственоста е нејасна – е еден од заклучоците на истражувањето, направено со поддршка на Меѓународната федерација на новинари.
Се додава дека сопствениците на дигиталните медиуми најчесто одбиваа да го објават бројот на вработените и висината на платите.
Од Синдикатот утврдиле дека ниските плати, несигурната работа и недостатокот на колективни договори, освен за вработените во РТС и РТВ, се основни карактеристики на работењето во дигитални медиуми.