50 лица, меѓу кои актерката Фелисити Хофман (Очајни домаќинки) и Лори Логлин (Полна куќа), се обвинети во шемата во која богати родители наводно им плаќале мито на посредници со цел нивните деца да се запишат на најелитните факултети.
Според обвинението, посредниците ги фалсификувале документите на децата, како и резултатите од нивните испити за да им го олеснат запишувањето.
Против Вилијам Сингер, кој бил на чело на шемата, се поднесени четири обвиненија, вклучувајќи изнудување и перење пари. Обвинителите рекоа дека Сингер треба да се изјасни за виновен во Бостон во вторник по обвиненија за заговор за рекетирање.
Наводно, криминалната организација примила вкупно 25 милиони долари од родителите кои сакале да ги видат своите деца на престижните универзитети, како што се Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, Вејк Форест, Универзитетот во Тексас, Универзитетот на Јужна Калифорнија и Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.
Најмалку 9 тренери и 33 родители, се обвинети дека му се обратиле на Сингер и му платиле 200.000 до 6,5 милиони долари за да обезбедат упис.
– Не може да постои посебен систем за упис на факултет за богатите лица, како ни посебен систем за правда за нив – коментираше главниот државен обвинител на Масачусетс Андру Лелинг на прес-конференција во Бостон.
– Овие родители се збир на богатство и привилегија – рече американскиот адвокат Ендрју Лелинг при објавувањето на резултатите од истрагата со кодно име „Операција Варсити блуз“.
– За секој студент примен преку измама, чесен и вистински талентиран студент бил одбиен – рече тој.
Фото: EPA/JIMMY MORRIS