Една од најубавите манекенки на светот призна дека сакала да се самоубие

„Никогаш не сум ги пресекла вените, но толку се гребев што крвавев“, рекла Кара за „Вог“.

795

Британката Кара Делевињ, која денес е една од најпознатите манекенки, проговори за своето мрачно минато. Кара призна дека како помала сакала да си го одземе животот.

Кара раскажала дека во детството била склона на самоубиство и дека неколкупати си ја удирала главата од дрво за да се ослободи од негативните чувства.

– Никогаш не сум ги пресекла вените, но толку се гребев што крвавев – рекла Кара за „Вог“.

– Во еден момент тоа ми падна напамет и имав начин да го направам тоа. Тогаш си реков себеси дека морам да одлучам дали се сакам повеќе себе од идејата за смрт. Тогаш почна да свири песната од мој другар кој почина од голема доза хероин. Тоа беше предупредување од него. Толку бев бесна на себе – додала таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...