Една мајка порачува: Научете ги децата дека некому и поинаквото му е совршено

Научете ги дека не е убаво да се потсмеваат и да покажуваат со прстот, дека не е убаво да зборуваат за децата со потешкотии дека се чудовишта, дека не е убаво да прашуваат дали се попаметни тие или песот!

589

Тања Томиќ Домиќ од Загреб, Хрватска, е мајка на две деца од кои едното е со потешкотии во развојот. Таа одлучила преку својот Фејсбук профил да ги замоли останатите родители за една важна работа и да испрати една важна порака до сите луѓе. Еве ја нејзината порака:

„Драги пријатели (знајни и незнајни), повеќето од вас знаат дека сум мајка на две прекрасни деца. За жал, Мила е дете со тешкотии. Таа не го избра тој пат. Не го избравме ниту ние како нејзино семејство. Како и останатите семејства со деца со потешкоти. Едноставно се најдовме во таа приказна и се трудиме најмногу што можеме. Да е лесно, не е.

Ви пишувам со молба да одвоите пет минути и да разговарате со своите деца дека не се сите родени под среќна ѕвезда да бидат здрави. Научете ги дека не е убаво да се потсмеваат и да покажуваат со прстот, дека не е убаво да зборуваат за децата со потешкотии дека се чудовишта, дека не е убаво да прашуваат дали се попаметни тие или кучето.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...