Американскиот актер Еди Марфи и неговата свршеница Пејџ Баџер го добија синот Макс Чарлс Марфи. Ова е десеттото дете на Марфи (57), а со Пејџ ова им е второ заедничко дете.
Средното име на бебето е во чест на постариот брат на Марфи, Чарли Марфи, кој лани почина од леукемија.
Во соопштението се наведува дека Пејџ и бебето се чувствуваат добро по породувањето.
Марфи и Бачер се забавуваат од 2012 година.