Единаесетгодишно девојче доби повисок резултат на Менса IQ од Ајнштајн и Хокинг

Една 11 – годишна ученичка од Обединетото Кралство, се најде во центарот на вниманието откако на тестот за Менса IQ доби највисока оценка со која ги надмина оние на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг

449

Тара Шарифи, 11-годишна иранска ученичка од Обединетото Кралство го привлече вниманието на јавноста со извонредниот резултат на нејзиниот тест за Менса IQ кој ги надминува и оние на големите мислители како Алберт Ајнштајн и починатиот професор Стивен Хокинг

Таа постигнала 162 поени на тестот и е два поени пред Ајнштајн, теоретскиот физичар кој се смета за еден од двата столба на модерната физика и познатиот космолог професор Стивен Хокинг.

„Тоа беше заедничка одлука помеѓу мене и моите родители да го полагам тестот”, изјавило девојчето. „Тоа ќе биде прекрасна можност да се сретнеме со други луѓе во системот Менса. Јас им кажав на некои од моите пријатели на училиште и тие беа навистина импресионирани“.

Таа, исто така, додала дека кога ќе порасне ќе продолжи со „нешто поврзано со математиката“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...