Еден човек загина, а сè уште се утврдуваат материјалните штети од ураганските ветрови во Европа

151

Бурата Сабине што денеска пристигна од Германија во Чешка остави без електрична енергија околу 100.000 луѓе. Соопштија чешките оператори на националните енергетски мрежи ЧЕЗ и Е.ОН.

Најголем прекин на електричната енергија има во централниот дел на Чешка, каде околу 37.000 луѓе се без струја. На голем број места во дефект се далеководите, а еден возач е повреден откако врз неговиот автомобил паднало дрво.

Силниот ветер на планините достигна брзина од 180 километри на час.
Поради невремето од парискиот аеродром „Вацлав Хавел“ анулира седум летови до дестинации во Западна Европа, а привремено во прекин е железничкиот сообраќај во Германија.

Додека полските власти денеска соопштија дека ураганот Киара предизвикал голема материјална штета. Повеќе од 55.000 луѓе се без електрична енергија, а пожарникарите до шест часот примиле 1.100 повици поради инцидент предизвикани од силниот ветер. Оштетени се 15 станбени згради и три стопански објекти. Ветерот носеше покриви и корнеше дрвја.

Поради ураганот Киара во Полска во прекин е железничкиот и авиосообраќајот.
Силниот ветер предизвика проблеми во електроснабдувањето и во западниот дел на Литванија. Привремено беше во прекин и бродскиот сообраќај од пристаништето Клајпеда, каде брзината на ветрот достигна до 33 метри во секунда.

Еден човек загина, а друг се води како исчезнат откако ветерот преврти рибарски чамец во езерото Феген, северозападна Шведска. Потрагата по исчезнатиот рибар продолжува.

Невремето предизвика и прекин на електричната енергија, како и на железничкиот и фериботскиот сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...