Еден од најстарите мажи со Даунов синдром прославил 77 години

Од локалното здружение за Даунов синдром кое му го честитало роденденот на Џорџ Вајлдгуст навеле дека благодарение на медицинскиот напредок и грижата и љубовта на оние што ги опкружуваат, просечниот животен век на лицата со Даунов синдром е сега помеѓу 50 и 60 години, со тоа што мал број луѓе живеат во своите седумдесетти и повеќе.

243

Се очекувало дека Џорџ Вајлдгуст нема да доживее повеќе од 10 години, но овој човек од Нотингем, на 24. минатиот месец во добро здравје и во друштво на семејството и пријателите го прославил 77.роденден, пишува Life Site News.

Вајлдгуст кој е роден со Даунов синдром е пензиониран градинар, кој е „многу независен“, како што го опишува неговата внука Ники Рајт која секоја недела го посетува во домот за инвалиди во Керингтон кадешто живее со уште 11 жители.

Тој е толку среќен цело време. Неверојатен еКога се родил на неговата мајка ѝ било кажано дека нема да живее повеќе од 10 години, а погледнете го сега!“, рекла Рајт.

Мајка му секогаш му зборувала дека може да направи сé што сака и поради тоа од секогаш бил независен. Не му се допаѓа кога некој му кажува што треба да прави, но мислам дека е тоа причината зошто доживеа 77 години“, рекла Рајт за Нотингам Пост.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...