Еден мафин, мисли рој

Еден мафин, залци рој еден гриз безброј вкусови мојте желби немаат број штом ме плени нахрани ме ти... Нема тајни во оваа мала среќа да те гризнам зар тоа не е се...

282

Калапите за мафини се вистинско чудо. Што и да печеме во нив никогаш не можеме да ги искористиме максимално. Обично правиме во нив слатки мафини, но и мали проички.

Овие нашиве се по стариот добар рецепт, но со нови додатоци. Во едните додадовме сечкана жива туршија (краставички, карфиол, морковчиња), а во другите – младо лукче и магдонос.

Но во мафин-калапите можат да се направат и многу други нешта. Според некои записи, првите калапи за мафини ги направил Хари Пан уште во далечната 1770. година. Веруваме дека и самиот би се шокирал кога би видел за што сѐ денеска се користат овие калапи. 

На пример, во калапите за мафини можете да испечете јајца.

Во секоја „мафин-дупка“ ставете по едно јајце и во рерна загреана на 200 степени печете ги 10-15 минути. Можете да направите и кајгана такашто ќе ги измешате јајцата со своите омилени комбинации – со спанаќ, пиперки, печурки, младо кромитче, шунка, сланина…Ја ставата смесата во местата за мафини, до пола, и ставате да се пече во рерна 15 минути.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...