Еден човек загина, а четворица пожарникари се полесно повредени во пожар шти синоќа избувна во стан на 50-от кат на кулата Трамп во Њујорк.
Жртвата -67-годишен маж, бил пронајден во бесознание во станот што горел, и подоцна починал во болница, соопшти полицијата.
Во гаснењето на пожарот учествувале околу 200 пожарникари.
„Огнот беше многу тежок, станот беше на 50-тиот кат, а во останатиот дел од зградата имаше многу чад“, напиша на Твитер комесарот на противпожарната бригада Даниел Нигро.
Причината за пожарот сѐ уште се утврдува.