Еден загинат, 20 повредени во пукотници на фестивал во САД

Еден од осомничените, 33-годишен маж загинал, додекa другиот осомничен е во притвор.

344

Едно лице го загуби животот, а 20 се повредени во пукотници на уметнички фестивал во американскиот град Трентон во Њу Џерси.

Инцидентот се случил рано утрово по локално време. Присутните во паника почнале да бегаат од местото на инцидентот, а се претпоставува дека лицето кое загинало е осомничено за нападот.

Од 20 повредени, 16 лица се ранети од огнено оружје, додека четворица од нив, вклучувајќи 13-годишно момче, се во критична состојба, соопштија властите.

Според нив, две лица отвориле оган околу 2.45 часот по локално време на уметнички фестивал на кој се претставени локална музика, храна и филм.

Еден од осомничените, 33-годишен маж загинал, додекa другиот осомничен е во притвор.

Американските власти наведуваат дека околу илјада лица присуствувале на настанот кога почнале пукотниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...