Едно лице загина, а тројца се повредени синоќа од огнено оружје пред салата Темподром во Берлин, каде се одржуваше Вечер на турската комедија, соопшти германската полиција.
Во соопштението се наведува дека непознати лица отвориле оган, а потоа успеале да побегнат.
Се уште не е познато дали вооружениот инцидент е поврзан со манифестацијата во Темподром.
Берлин е еден од европските главни градови со најголема стапка на убиства по глава на жител.