Еден загинат и над 20 повредени во тропската бура Кроса во Јапонија

44

Најмалку еден човек загина, а 21 лице се полесно повредени откако тропската бура Кроса денеска го погоди западниот брег на Јапонија.

Според Метеоролошката служба ветерот се движел со брзина од 144 километри на час кога бурата го погоди копното на префектурата Хирошима, западна Јапонија.

Најмалку 570.000 жители од западните региони беа посоветувани да се евакуираат високиот водостој на реките, а се предвидува да наврнат до 800 литри на метар квадратен.

Поради невремето откажани се 673 летови на внатрешни линии, отежнато е движење на возови и делумно се затворени автопатишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...