Еден е Путин

237

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека на почетокот од 21 век имало идеја за негов двојник со цел да се осигура безбедност на шефот на државата, но оти тој одбил.

– Ја отфрлив идејата за каков било дублер. Тоа беше за време на најтешкиот период на нашата војна против тероризмот – изјави Путин за руската новинска агенција ТАСС во интервјуто „20 прашања со Владимир Путин“.

Последните 20 години руската јавноста често изнесуваше претпоставки дека претседателот на Русија користи двојник на настани на кои неговиот живот би бил доведен во опасност.

Putin-EPA-CHARLES-PLATIAU–POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...