Едгар Хенсен (47), ѕвезда на американското риболовно реално шоу „Смртоносен улов“, е осуден за сексуален напад којшто се случил лани, врз девојче кое тогаш имало 15 години. Тој ја призна вината и одговорноста.
– Го сторив тој напад заради свои лични сексуални потреби. Жалам за тоа, и преземам целосна одговорност – тоа никогаш да не се повтори, стои во писменото признание на Хенсен.
Хенсен доби условна затворска казна од една година, и ќе мора да ги плати судските трошоци што изнесуваат 1.653 долари. Неговиот брат Сиг, пак, неодамна исто така доби едногодишна условна казна, поради напад врз таксист.