Едвард Лакман годинашен добитник на „Златна камера 300“ за животно дело

81

Првиот годинашен добитник на „Златна камера 300“ за животно дело е американскиот кинематограф и режисер Едвард Ед Лакман, информира директорката на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска на денешната прес-конференција посветена на 40. јубилејно издание на фестивалот.

– Човек со кој многу лесно ќе воспоставите контакт, човек од кој можеме многу да научиме за филмската уметност и воопшто за историјата на филмот. Тој е оној на кој ние се надевавме дека ќе го добиеме – рече Теодосиевска за Лакман.

Уметничкиот директор Благој Куновски-Доре за Лакман вели дека тој е во врвот на американските и светски кинематографи. Затоа, како што рече, на овој јубилеј со задоволство му го даваме нашиот оскар симболично.

– Иако физички хендикепиран, тој импресионира со својата креативна енергија од своите почетоци, на стартот на 1970-те години од минатиот век – вели Куновски за Лакман.

Тој наведе дека Лакман има реализирано над 80 филмови од сите форми.

Директорката Теодосиевска потсети дека фестивалот ја доби наградата од Меѓународната федерација на кинематографери-ИМАГО за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...