Египет со поддршка за симнувањето од власт на претседателот на Судан

52

Министерството за надворешни работи на Египет денеска соопшти дека таа земја го поддржува симнувањето од власт на долгогодишниот претседател на Судан Омар ал Башар.

Египетското МНР даде поддршка за „изборот и волјата“ на суданскиот народ и ја повика меѓународната заедница да помогне за мирна транзиција во Судан.

За време на владеењето на Ал Башар односите меѓу Судан и Египет беа тензични откако Судан ја поддржа Етиопија во изградбата на брани на реката Нил со што се доведе во ризик водоснабдувањето на Египет.

Фото: EPA/STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...