Египетските власти почнаа со изградба на бетонски ѕид на границата на Египет со Појасот Газа, палестинска енклава под контрола на Хамас.
Новиот ѕид ќе биде висок неколку метри од египетска страна на 13-километарската граница со Појасот Газа.
Тој ѕид е дополнување на стар ѕид што е понизок и вкопан длабоко во земја, изграден за да се спречи шверц на стоки и оружје преку подземни тунели ископани под границата меѓу египет и Појасот Газа.