Египетските власти ја ограничија продажбата на „жолти елеци“ – станале поопасни од дрога?

68
ФОТО: МИА

Египетските власти ја ограничија продажбата на „жолтите елеци“, кои станаа симбол на социјалното движење во Франција, пренесува Танјуг.

– Продажба на жолти елеци во Египет, контролирана од полицијата, веќе не е можна без дозвола, тврдат локалните трговци.

– Продажбата на тие елеци станува поопасна од продажба на дрога – вели неименуван трговец, појаснувајќи дека дошле претставници на службата за национална безбедност и побарале да се запре продажбата.

Во Египет, за секаков вид протести неопходна е дозвола од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...