Евростат без попис нѐ изброја, вкупно сме 2.077.100

Најбројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96, во Хрватска 4,077, во Албанија 2,86 милиони, а во Црна Гора 626.000 луѓе.

295

Во земјава на 1 јануари имало 2.077.100 жители што е за околу 2.000 повеќе во споредба со 1 јануари 2018, објави Евростат.

Бројот на населението во земјава за една година е зголемен за 0,9 отсто. Земјава изминатата година забележала позитивен природен прираст од 1,6 отсто. Лани се родиле 21.300, а умреле 19.700 лица.

Најбројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96, во Хрватска 4,077, во Албанија 2,86 милиони, а во Црна Гора 626.000 луѓе.

Во ЕУ вкупно живеат 513,5 милиони жители, што е за речиси еден милион повеќе од претходната година.

Најмногу жители 83 милиони има Германија, пред Франција со 67, Велика Британија со 66,6, Италија 60,4, Шпанија 46,9 и Полска 38 милиони

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...