Европски терк и кај домашните производители, 20 цигари во едно пакување

Со новиот Закон за тутун ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун, ќе се укине издавањето на евидентниот лист, договорот на производството и откуп на тутун ќе се склучува со откупувачот на тутун кој директно го внесува во електонскиот систем за водење на евиденција на тутун-ИСЕТ.

496

Ќе се олеснува откупот и производството на тутун откако ќе стапи на сила новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го потпиша, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со овој закон, како што информираат од Министерството за земјоделство, ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун, ќе се укине издавањето на евидентниот лист, договорот на производството и откуп на тутун ќе се склучува со откупувачот на тутун кој директно го внесува во електонскиот систем за водење на евиденција на тутун-ИСЕТ; ќе се врши усогласување на роковите за пријавување и договарање на производството на тутун, јавната објава на договорот, обезбедувањето на семенскиот материјал, откупот на тутунот со агротехнолошките рокови прифатени од сите чинители кои учествуваат во процесот на производство, откуп и следење на тутунското производство во тековната реколта.

Закон ги задолжува откупувачите да отворат откупни пунктови во населени места со договорено производство над 100 тони тутун.

– Откупот на тутун ќе се врши според мерила и методи за квалитативна и квантитативна процена на тутунот кои ги пропишува министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се поедностави процедурата за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун – појаснуваат од Министерството за земјоделство.

Законот, исто така, предвидува и усогласува на изгледот и пакувањето на производите од тутун наменети за пушење (20 цигари) според Европските регулативи.

Со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи МЗШВ очекува значително да се намалат административните процедури за тутунарите со тоа што тие ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

Годинава се откупени над 25,2 милиони киограми тутун од минатат реколта по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...