Европски избори: Втора листа на „жолтите елеци“ во Франција

154

Движењето „жолти елеци“ најавија составување на посебна листа за изборите за Европскиот парламент, најавувајќи дека ќе го носат „гласот на безгласните“ и „ќе развијат една социјална Европа“, јави дописникот на МИА.

Листата со име „Собор на Жолти елеци граѓани“, според нивното соопштение, засега брои десет имиња од 79 потребни за да може да учествува на изборите. Таа е предводена од Тиери Пол Валет (42 години), кој се претставува себе си како „социјален актер“ од Калвадос (Нормандија). Покрај него има е еден општински советник од 54 години, органски земјоделец на 51 година, осигурителен агент на возраст од 29 години и студент по медицина на возраст од 27 години.

Тие ветуваат листа на која ќе биде застапена и „претставена националната територија со нејзината географска и социјална различност“, која ќе има меѓу своите „приоритети“ да „развие поголема социјална и демократска Европа, со ограничување на социјалниот дампинг“.

Европа се наоѓа во срцето на сè, само што таа е ориентирана само кон економијата и финансиите и стана вистинска пречка што ја поткопува нејзината ДНК: Европа на граѓаните, кои сакаат да бидат консултирани, потенцираат „жолтите елеци“.  Тие се залагаат за „прашањата на дефицитот, БДП или растот и дека повеќе не треба да се игнорира гласот на безгласните“.

Ова е втора листа на „жолтите елеци“ која најави дека ќе учествува на европските избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...