Европскиот Суд за Правда пресуди против Австрија за верска дискриминација

56

Австрискиот закон за платен одмор само за некои христијани на Велики Петок претставува верска дискриминација, пресуди Европскиот Суд за Правда вчера, јавува дописничката на МИА во Брисел.

Австрискиот закон предвидува платен одмор на Велики Петок само за членовите на одредени протестантски цркви, иако мнозинството на населението и припаѓа на католичката вера. Законот има за цел да им овозможи на припадниците на протестантските цркви да ја практикуваат својата вера на Велики Петок без да мораат да договорат неработен ден со работодавецот. Доколку припадник на една од овие цркви работи на тој ден, тој има право на компензација.

Во 2015, Маркус Ашаци работел, кој не е член на ниту една од црквите засегнати од овој закон, работел за Велики Петок, но не добил никаква компензација, по што одлучил да се сврти кон судот.

Вчера Европскиот Суд за Правда пресуди во полза на Ашаци.

Судот оцени дека овој австриски закон прави разлика во третманот на работниците врз основа на нивната вера.

“Платен одмор на Велики Петок само за работници кои се членови на одредени цркви претставува дискриминација врз основа на верата и е забрането според законодавството на ЕУ“, пресуди Судот.

Судот бара од Австрија да го смени законот за да го поврати “еднаквиот третман“. До тогаш, работодавците имаат обврска да им одобрат платен одмор на другите работници без разлика на верската припадност.

– Судот заклучува дека ова законодавство не може да се смета како нужно за заштитата на верските слободи – стои во пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...