Европската инвестициска банка (ЕИБ) усвои нови критериуми за финансирање енергетски проекти, насочени кон борба против климатските промени на Земјата, најавувајќи дека ќе престане да кредитира проекти поврзани со фосилни горива од крајот на 2021 година.
Според новата кредитна политика, ЕИБ ќе финансира само проекти за кои е докажано дека при производство на еден киловат час енергија ќе емитуваат помалку од 250 грама јаглерод диоксид. Со тоа, де факто се дисквалификуваат традиционалните централи на гас.
Проектите за гас во иднина ќе треба да се засноваат на „нови технологии“, како што е фаќање и складирање на јаглерод и да го комбинираат производството на топлинска и електрична енергија или додавање обновливи гасови на фосилен природен гас, одлучи ЕИБ.
Предлогот за новата кредитна политика добил „огромна“ поддршка, според ЕИБ.
– Ова е важен прв чекор – не последен, туку први – изјави денеска потпретседателот на ЕИБ Ендру Мекдовел пред новинарите.
ЕИБ сака да дефинира нов стандард и да даде до знаење дека мултилатералните банки можат да се усогласат Парискиот климатски договор, додава Мекдовел.
Вчерашната одлука на банката беше очекувана, бидејќи министрите за финансии на ЕУ претходно едногласно го поддржаа предлогот за постепено гаснење на финансиската поддршка за проекти поврзани со фосилни горива како поддршка на борбата против климатските промени.