Европратеникот Андреј Ковачев за Лидер: Бугарија ја поддржува Македонија со “ДА”!

Секоја друга интерпретација, дека Бугарија ја блокира или запира Македонија е или неразбирање на европските процеси или целосна манипулација како оние од времето на Титовата Југославија, со цел Бугарија да биде повторно претставена во најцрно и негативно светло., вели Ковачев.

1008

Ексклузивна колумна за „Економски Лидер“ на Андреј Ковачев, Европратеник и потпретседател на ЕПП – во пресрет на одлуката на Европската Унија околу датумот за почеток на преговори за членство во унијата на Македонија. Во колумната, којашто ја  пренесуваме во целост, Ковачев детално ја објаснува бугарската Рамковна позиција за Македонија.

Клучните два елементи во Рамковната позиција за Македонија на бугарската влада од минатата недела.

• Првиот е дека Бугарија Кажа ДА за почеток на преговори со ЕУ. Бугарија не ја блокира Македонија за датум за почеток на преговорите! Блокирање би било да не се даде датум за почеток на преговори или решението да биде одложено. Имено, неофицијално објавената француска позиција би била такво одложување. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи и Бугарија ќе ги даде, убеден сум во тоа, сите напори во наредните неколку денови да ги убеди европските партнери тоа да не се случи. За сите нас е од исклучителна важност Македонија да добие датум за почеток на преговори во најскоро можно време!

Секоја друга интерпретација, дека Бугарија ја блокира или запира Македонија е или неразбирање на европските процеси или целосна манипулација како оние од времето на Титовата Југославија, со цел Бугарија да биде повторно претставена во најцрно и негативно светло.

• Вториот клучен елемент од рамковната позиција, како и во Договорот за пријателство и добрососедство е темата за заедничката историја. Заедничката историја НЕ означува споделена историја или преплетена историја. Такви ни се историите со останатите држави и нации како од Балканот, така и од Европа. За разлика од нив, географските региони Мизија, Тракија, Добруџа и Македонија, кои биле со стотици години населени доминантно од Бугари, имаат долга заедничка историја – тоа означува дека во минатото биле едно. Така на пример државата на која што Самоил и е Цар е Бугарија. Народот во тие држави е основно бугарски. Како Бугари се самоопределувале и декларирале сите преродбеници и револуционери од ВМРО. Како Бугари се пишувале, нарекувале, декларирале, во официјални документи или неофицијални лични кореспонденции и книги напишани од самите нив – Глигор Прличев, Браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, Димитар Талев. Исто како и Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Милан Матов, Борис Серафов, Ѓорче Петров, Генерал Протоѓеров, Тодор Александров, Иван Михајлов и многу други. Тајната организација – ВМРО е созададена во во 1893 година во Солун како БМРОК – Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети, потоа се преименуваат во ВМОРО – Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација, а во 1919 година е ВМРО. Таа организација ја создаваат бугарите од Македонија и Одринска Тракија за да се ослободат од Османското владеење. Сите официјални документи на организацијата се напишани на литературен бугарски јазик. Целиот нејзин архив е зачуван и широко достапен (дури и во Македонија) и во него може да се видат оригиналните документи во кои пишува дека ВМРО била организација на македонските Бугари и пред сè друго, се борела за бугарштината.

Признавањето од страна на Македонија на бугарскиот идентитет на тие личности не означува ништо друго освен да се читаат оригиналните документи од епохата во која тие живееле, без интерпретации и толкувања од гледна точка на современите постулати и потреби. Толкувањето на историјата која што  се уште постои во Македонија, но и се учи во училишните програми е дека сите тие луѓе не се Бугари, а дури често се претставуваат и за такви кои се бореле против Бугарија. Тие лаги и манипулации на историјата треба да престанат! Бугарија не сака да земе ништо од историјата на Македонија! Напротив! Повеќе сакаме младите поколенија во Македонија да ја научат вистината. Вашите неверни и сомничави читатели, ги повикувам самите на интернет да проверат што пишува светската историографија на англиски, француски, германски, руски, па дури и на српски јазик за било кој од овие личности.
Најлесно тоа може да се најде на „Википедија“ на споменатите јазици, но исто така и на официјалните и професионални енциклопедии како „Британика“. Ќе откријат дека тоа кое го учеле во училиште и го пишува во учебниците, едноставно не е точно. Фактот дека овие историски личности и настани се бугарски по нивниот етнички карактер, не ги прави помалку македонски. Напротив – тие се заеднички! Во времето кога живееле, сите сме биле едно, бугари. Имало и тракиски бугари, добруџански бугари, шопи, имало и македонски бугари. Тоа се разбира не прави ниту еден од вас Бугарин или задолжително потомок на Бугарин. Секој е тоа што сака да биде. Тоа е негово индивидуално и колективно право.
Мојата лучна позиција е дека современата македонска нација го започнува своето формирање во периодот поѓу двете светски војни и официјално се формира во 1944 година на територијата на современата РСМ и само таму! На територијата на Република Бугарија, и покрај обидот на бугарските комунисти на почетокот на нивниот режим, не постоел таков процес и не може да има претензии за тоа. Во оваа нација се слават како македонските Бугари, така и многу други националности, како што се Власите на пример.

Сите останати елементи од рамковната позиција на Бугарија се дел од досега установените позиции, компромиси и практики во нашите билатерални односи. Најкритикуваната точка, таа поврзана со јазикот – е воспоставена норма во билатералните односи повеќе од 20 години. Сите меѓувладини документи, вклучително и Договорот за добрососедство се потпишани на официјалните јазици според уставите на двете страни. Дали досегашната практика е оптимална, зависи од нашите две држави. Мојата лична позиција е дека современиот македонски литературенн јазик е политички факт. Базиран на западните бугарски наречија, тој е дефиниран и официјално кодифициран во 1945 година. Во процесот на кодификација и последователниот развој, се барало целосно тој да биде оддалечен, колку што е можно повеќе од бугарскиот литературен јазик, како со отстранувањето од новата азбука на типични бугарски букви како „Ъ“, така и со воведување на букви, норми, зборови и конструкции позајмени директно од српскиот јазик. И покрај сите овие процеси, современиот македонски јазик и денеска продолжува да биде најблизок јазик до бугарскиот литературен јазик и луѓето од двете страни на границата се разбираат без проблем.

Случајот со таканареченото непризнавање на македонскиот јазик и македонската нација од страна на Бугарија е клучен адут во рацете на антибугарската пропаганда во Македонија. Ова постојано го користат македонските политичари, партии и медиуми за да ја прикажат Бугарија како непријател, оспорувач на идентитетот и јазикот на современиот Македонец. Иако нема специфична меѓународна норма или практика за признавање на нации или јазици, мислам дека во современите прилики не може да има спор и тие ќе бидат исчистени рака под рака со манипулациите од минатото. Од клучно значење за Македонија е да ја преиспита својата политика во однос на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и да престане со одолговлекувањето и неконструктивноста во комисијата за историја.

Од сè срце и посакувам успех на слободна и демократска Македонија во семејството на обедината Европа!
Да живее Македонија!
Да живее Бугарија!

Линк до Економски Лидер.

(ФОТО Принтскрин)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...