Пожари викендов беснеат во Франција и во Шпанија, додека во европа се бележат рекордни температури од чии последици во неколку европски земји починале најмалку седу лица.
Температурата во јужна Франција достигна 45,9 степени Целзиусови, што е повсока од температурата во калифорниската Долина на смртта. Брано жештини предизвика пожари во кои изгореле 550 хектари.
Маж починал за време на велосипедска трка во југозападна Франција. Пет најтопли лета во Европа во последните 500 години евидентирани се во овој век.
Во Шпанија во 40 од 50 региони е издадено предупредување за вонредни временски услови, а во седум покраини владеат екстрмни услови.
Температрата во северозападна Шпанија достигна 43,9 степени Целзиусови, што е највисока температура регистрирана досега во Каталонија.
Германскиот хидрометеоролошки завод предупреди на екстремни топлини викендов, прогнозирајќи температури до 39 степени Целзиусови.
Светската метеоролошка организација извеси дека 2019 година би можела да биде меѓу најтоплите години кога станува збор за температурни рекорди, а периодот од 2015 до 2019 година би можел да биде најтоплиот петгодишен период.