Европарламентот ја поддржа Лаура Ковеси за европски обвинител

Ова ќе биде прв пат да се назначи ЕУ обвинител, во трка се уште двајца кандидати, а земјите членки неодамна го поддржаа Французинот Жан-Франсоа Бонер, додека Европскиот Парламент се изјасни за Романката денеска, откако две комисии претходно гласаа  за нејзе.

693

Претседателите на европските парламентарни групи и претседателот на Европскиот Парламент дадоа поддршка за Романката Лаура Кодрута Ковеси во трката за европски обвинител.

Поранешната обвинителка задолжена за борбата против корупција во Романија беше отстранета од својата функција минатата година од страна на романската влада, што предизвика силни критики во Европската Унија. Романија, која моментално претседава со ЕУ, активно лобира против назначувањето на Ковеси на оваа функција на ниво на ЕУ.

Ова ќе биде прв пат да се назначи ЕУ обвинител, во трка се уште двајца кандидати, а земјите членки неодамна го поддржаа Французинот Жан-Франсоа Бонер, додека Европскиот Парламент се изјасни за Романката денеска, откако две комисии претходно гласаа  за нејзе.

Европскиот обвинител ќе има задача да истражува злоупотреби на европскиот буџет и ЕУ фондови.

Парламентот и Советот ќе треба сега да влезат во преговори за крајната одлука за европски обвинител, преговори кои би можеле да траат уште долго време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...