Европарламентот одобри фондови за школување на децата бегалци во Турција

Овие пари ќе бидат искористени за исплата на плати на околу 5.000 наставници ангажирани за школување ма околу 300.000 деца бегалци од Сирија во Турција.

39

Европратениците денеска одобрија 500 милиони евра за потребите на децата бегалци во Турција.

Овие пари ќе бидат искористени за исплата на плати на околу 5.000 наставници ангажирани за школување ма околу 300.000 деца бегалци од Сирија во Турција.

Овие пари се дел од трите милијарди евра европска помош за бегалците во Турција, пари кои се уште не биле одобрени од страна на Европскиот парламент.

Европскиот парламент има буџетски надлежности во Унијата и треба да ги одобри договорените средства, но до сега Советот на ЕУ не го консултирал европскиот законодавен дом за новата транша помош за Турција, се жалат европратениците.

– Парламентот истакнува дека ниедни преговори досега не се одржале со Советот за финансирањето за испчатата од трите милијарди евра и дека ослободувањето на овие 500 милиони евра од буџетот на ЕУ не ја прејудицира позицијата на ЕП за остатокот од финансиите за втората транша на Договорот со Турција за бегалците, посочува Европарламентот.

Ослободувањето на овие 500 милиони евра, споре ЕП, се прави за да се обезбеди образование без прекини за децата бегалци во Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...