Европарламентот го изгласа извештајот за Албанија

210

Европскиот парламент го усвои извештајот за интеграција на Албанија во ЕУ. Веста ја соопшти пратеникот Таулант Бала од Социјалистичката партија, кој ја предводи албанската делегација.

На Твитер тој напиша дека извештајот го подготвил европратеникот Кнут Флекенштај и оти ЕП дал поддршка на препораките за отворање на преговори на Албанија со ЕУ.

– Европарламентот со 459 гласови „за“ го изгласа извештајот за 2018 година во полза на Албанија. Извештајот целосно ги поддржува препораките на Европската комисија, со што се дозволува отворање на преговорите – напиша Бала.

Против извештајот гласале 112, а воздржани биле 62 европратеника.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...