Еврогрупата ја остави Грција на стенд-бај за парите

1097

Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната на синоќешната средба во Брисел не донесоа одлука за исплата на последната транша од пакетот помош за Грција.

На прес-конференција по завршувањето на средбата, претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено информира и дека министрите не го одобриле ниту решението за ставање крај на програмата за помош на Грција, која според планот треба да заврши во август годинава.

Тој нагласи дека било договорено овие одлуки да се разгледаат на следната средба на министрите за финансии од Еврозоната, предвидена за 21 јуни во Луксембург.

– Наш основен приоритет останува успешното излегување на Грција од програмата за макрофинансиска помош. Сите неопходни одлуки околу тоа ќе ги донесена на средбата во Лукселмбург во текот на јуни – изјави Сентено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...