Евровизија: Кинеска телевизија ги цензурираше Ирска и Албанија поради хомосексуалност и тетоважи (ВИДЕО)

Организаторот на Евровизија, Јуропиан Броудкастинг Јунион (ЕБУ) ги исфрли репортерите од кинеската Манго телевизија затоа што ги цензурирале настапите на ирскиот и албанскиот изведувач.

681

Организаторот на Евровизија, Јуропиан Броудкастинг Јунион (ЕБУ) ги исфрли репортерите од кинеската Манго телевизија затоа што ги цензурирале настапите на ирскиот и албанскиот изведувач.

Кинеската телевизија во вторникот, во првата полуфинална вечер, не ја емитувала ирската песна поради хомосексуална содржина, а албанската песна била забранета затоа што пејачот има тетоважи. Знаме со виножитото на ЛГБТ заедницата, кое се вееше во публиката, исто така беше заматено за време на преносот на кинеската телевизија Манго.

– Тоа не е во согласност со вредностите на ЕБУ околу инклузивноста, и традицијата на славење на различноста, на која сме горди, се вели во соопштение на ЕБУ.

Во финалето на годинешното издание на Евровизија, закажано за утре, ќе настапат: Украина, Шпанија, Словенија, Литванија, Австрија, Естонија, Норвешка, Португалија, Велика Британија, Србија, Германија, Албанија, Франција, Чешка, Данска, Австралија, Финска, Бугарија, Молдавија, Шведска, Унгарија, Израел, Холадија, Ирска и Кипар.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...