ЕВН ја купи Градската куќа

1320

ЕВН ќе биде новиот сопственик на Градската куќа лоцирана на кејот на Вардар по скопското Кале.

Вчера, соопштија од Град Скопје, успешно завршила електронската аукција, а ЕВН-Македонија била единствената компанија која се пријавила да ја купи.

„Согласно со законските прописи, вчера се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари (12,7 милиони евра)“, соопштија од Градот.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, ЕВНт треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...