ЕВН со седум тимови на вежба за справување со елементарни непогоди

55

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип се одржа вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 2019“.

Сценариото на вежбата е временска непогода со обилни врнежи во регионот на Штип, излевање на реката Брегалница и поплави во околината, поради што се прогласува кризна состојба.

Според сценариото, од надојдената река паднал и се оштетил високонапонски столб, поплавена е дистрибутивна трансформаторска станица, а населението е останато без електрична енергија.

За брзо санирање на дефектот, екипите на ЕВН подигнуват брзомонтажен високонапонски столб, а за времено напојување поставуваат агрегат од 150kVA. При справувањето со кризната состојба екипите на располагање користат и моторна санка. Вежбата завршува со целосна монтажа на нова, мобилна дистрибутивна трансформаторска станица и повторно нормално воспоставување на напојување со електрична енергија.

На вежбата учествуваа припадници на армијата, МВР, противпожарната единица, центарот за управување со кризи и на други институции и јавни претпријатија, а ЕВН е единствената приватна компанија која за првпат е поканета да биде дел од ваква вежба.

ЕВН учествуваше со вкупно 7 тимови електромонтери од одделот Висок напон, КЕЦ Ѓорче Петров, КЕЦ Васил Главинов и КЕЦ Штип.

Дел од опремата на ЕВН која беше и користена во оваа вежба беше изложена вчера на плоштадот во Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...