„ЕВН Волонтира“ со нови 66 проекти

275

Продолжува програмата „ЕВН Волонтира“ чија што цел е да го мотивира волонтерството кај вработените во ЕВН Македонија, информира ЕВН.

Од таму велат дека покрај досега реализираните над 30 волонтерски проекти, вработените се заложиле за реализација на нови 66.  Волонтерите од ЕВН посветија над 3.200 часови во унапредувањето на квалитетот на живот во нивните локални заедници. Реновирани се училишта, градинки и установи за згрижување на посебни категории на граѓани, поправка на оштетена инсталација, готвење, уредување на јавни зелени површини, чистење и селекција на отпад, организирање на работилници за деца и слично. Активностите се реализирани низ речиси сите градови и населени места во Македонија, соопшти компанијата.

– Целта на овој проект е да се пренесе порака дека секој индивидуалец и секоја компанија е способна да направи добро дело за заедницата – порача на годинешната средба на волонтерите, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

Оваа програма е единствена по тоа што овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата. Секој вработен има можност да реализира волонтерска активност во работното време, а „ЕВН Волонтира“ на вработените им дава поддршка во целиот процес – од обмислување до реализација на активостите. Тоа е особено важно поради тоа што волонтерството во Македонија е во зародиш, и ваквите иницијативи помагаат за интензивирање и афирмирање на волонтерството на ниво на државата.

ЕВН и во иднина ќе ги мотивира вработените да продолжат со волонтирање во заедниците. Охрабрувачки е тоа што над 80% од нив за прв пат волонтирале преку оваа програма, а сите повторно имаат желба за учество во нови волонтерски акции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...