Проучувајќи 80 снимки со ултразвук на 20 бебиња помеѓу 24. и 36. Недела од бременоста, научниците од универзитетот Дурхам и Ланкастер утврдиле дека бебињата и тоа како ја чувствуваат консумацијата на цигарите. Меѓу испитаниците 16 мајки биле непушачи, а четири мајки запалиле во просек 14 цигари на ден.
Ултразвучните снимки покажале како бебињата на пушачките во моментот додека мајките го вовлекувале тутунскиот чад ненадејно посилно се движат од бебињата на мајките непушачки. Притоа, бебињата на пушачките ги ставаат рацете на лицето и мрдаат со усните.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.