На социјалните мрежи се појави снимка од апсењето на напаѓачот којшто утрово влезе во две џамии во градот Крајстчерч на Нов Зеланд и пукаше во верниците. Тој прво ја нападнал џамијата Ал нур, во која имало околу 200 луѓе во моментот на нападот, а потоа и втората, во Линвуд, оддалечена 10 минути.
Убиени се најмалку 49 луѓе, а има и многу повредени, најмалку 50ина.
На снимката се гледа полициски автомобил што од патот истуркал друг автомобил, најверојатно, тој на напаѓачот. Автомобилот го опкружиле вооружени полицајци.
Убиецот на Фејсбук во живо го пренесувал почетокот на нападот. На социјалната мрежа се претставил како Брентон Тарант, 28-годишник од Австралија.
Полицискиот началник Мајк Буш го опиша напаѓачот како екстремно десничарски насилен терорист.
Полицијата уапси четири лица, а новозеландската премиерка Џасинда Ардерн потврди дека уште луѓе се поврзуваат со нападот.