Неодамна една група мајки покренале иницијатива да се отфрли терминот „царски рез“ или „C-section“, како што го нарекуваат во САД, затоа што сметаат дека тој термин на некој начин го деградира искуството на мајките кои раѓаат со помош на хируршка интервенција во споредба со вагиналното породување.
Џордан Грисом била прилично разочарана кога дознала дека не може да се породи по природен пат. Царскиот рез бил последното нешто што го сакала кога дознала дека е бремена бидејќи, како што вели, била под влијание на предрасудите дека тоа не е „вистинско раѓање“.
Но во тоа ја разуверила нејзината дула (личност која ѝ дава емотивна, физичка и психолошка поддршка и помош на родилката за време на породувањето), Флор Круз кога таквиот вид на породување го нарекла „стомачно раѓање“ или „раѓање од стомак“.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.