Еве го најскапиот хотел на светот каде ноќевање чини 83.200 долари ВИДЕО

За таа цена ќе добиете на располагање 12 спални соби, прозорци отпорни на куршуми, клавир, луксузно мермерно купатило, теретана, приватен лифт, билијард и колекција на ретки книги. Покрај ова имате и приватен готвач, батлер и возач.

321

Има многу места на светот кои се резервирани само за најголемата елита, а обичните смртници тешко можат и да го замислат луксузот со кои се опремени.

Дали сте се прашале колку чини ноќевање во најскапиот луксузен хотелски апартман во светот? Од цифрата би можело да ви се заврти во главата.

Секоја година магазинот „Елит травел“ прави листа од 100 најдобри хотелски апартмани, која ги вклучува и 10-те најскапи на светот. На прво место и годинава се најде кралскиот пентхаус во „Президент Вилсон“ хотелот во Женева.

Во него, според пишувањата на „Дејли Меил“, ноќевање чини околу 83.200 долари. За таа цена ќе добиете на располагање 12 спални соби, прозорци отпорни на куршуми, клавир, луксузно мермерно купатило, теретана, приватен лифт, билијард и колекција на ретки книги. Покрај ова имате и приватен готвач, батлер и возач.

Апартманот се простира на целиот осми кат на хотелот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...