Ева Лонгорија во вторникот родила син, на кого гордите родители му го дале името Сантијаго Енрике.
Славната актерка се породила во Лос Анџелес, а породувањето поминало во најдобар можен ред.
Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг Хосе Антонио Бастон не кријат колку се среќни, а самата актерка изјавила дека е благословена поради тоа што станала мајка.
Ева и Хосе зад себе имаат по еден брак. На Ева ова ѝ е прво дете, додека Хосе од претходниот брак има три деца.
Ева претходно беше во брак со ѕвездата на НБА, Тони Паркер.