Холивудската актерка Ева Лонгорија е во последниот месец од бременоста и го очекува своето прво дете. За Денот на мајката на Инстаграм објави фотографија со гол стомак во прв план и порака.
– Еј, дечки, ова е мојот прв ден на мајките. Честит празник на сите мајки во светот! Бидете ценети цела година за сиот ваш труд. Среќен ден на мајките и на мојата мама, Ела, најдобрата мајка на светот – порача Ева Лонгорија во објавата на Инстаграм.
Четириесет и тригодишната Ева и нејзиниот сопруг Пепе Бастон наскоро ќе добијат син. Медиумскиот могул веќе има четири деца од претхдониот брак со актерката Натали Есперон – ќерките Маријана и Наталија и синовите Себастијан и Хозе Антонио.