Евакуиран центарот на Берлин поради бомба од Втората Светска Војна

72

Голем дел од центарот на Берлин, вклучително и главната железничка станица беа евакуирани денеска со цел да се деактивира бомба од Втората Светска Војна.

Полицијата ги евакуирала сите згради во радиус од осумстотини метри, а во прекин е и градскиот сообраќај во тој реон.

Британската бомба тешка 500 килограми беше откриена за време на изведување на градежни работи во зграда во текот на оваа недела. По повеќе од 70 години од крајот на војната во Германија сѐ уште се пронаоѓаат повеќе од 2000 тони на бомби и муниција секоја година.

ФОТО: EPA/BERLIN POLICE HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...