Евакуирани странски конзулати во Мелбурн и Канбера, примиле сомнителни пакети

58
еколку странски конзулати во австралиските градови Мелбурн и Канбера се евакуирани денеска откако примиле сомнителни пакети.

На интернет страницата на австралиската Влада се објавува дека се евидентирани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, а полицијата, пожарникарските служби и амбулантни возила се наоѓаат пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и Јужна Кореја.

Австралиската полиција соопшти дека се истражуваат сите околности поврзани со овие инциденти. Австралискиот јавен сервис соопшти дека сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но и дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонг Конг. Засега не е познато кои конзулати во Канбера добиле вакви пакети.

Од конзулатот на Нов Зеланд за телевизијата Еј-Би-Си рекле дека пакетите имале ознака за азбест, а во нив имало пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...