Евакуирани над 10 илјади лица поради пожарот на Канарските Острови

98

Повеќе од 1000 пожарникари и припадници на службата за вонредни ситуации сè уште се борат со големиот пожар на Канарските Острови, поради што се и евакуирани над 10 илјади лица.

Ситуацијата денеска е нешто подобра, со оглед на тоа дека температурата е пониска, а ветрот е послаб.

Во пожарот на островот Гран Канарија досега изгореја повеќе од 12 илјади хектари шума.

Претседателот на Канарските Острови Анхел Торес соопшти дека пожарот губи на силина и оти „срцето“ на островскиот главен природенден резерват Тамабада останало незасегнато.

Синоќа властите рекоа дека пожарот е „надвор од контрола“ и оти брзо се шири кон јужниот дел на островот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...